Политика за приватност
Последно ажурирано: 12 ноември 2026
Кои податоци ги собираме
Пре-воз можете да го користите без корисничка сметка и тогаш не собираме лични податоци.
Местата, датумот и времето што ги внесувате се испраќаат до серверот само за да се прикажат врските.
Ако отворите корисничка сметка, ја чуваме вашата адреса на е-пошта и рутите што ќе ги зачувате, за да ги имате на секој уред на кој ќе се најавите. Последните пребарувања никогаш не се чуваат во сметката.
Што се чува на вашиот уред
Ако ја промените темата (светла или темна), изборот се зачувува во локалната меморија на вашиот прелистувач (localStorage) за да остане по освежување на страницата.
Вашите последни пребарувања и рутите што ги зачувувате се чуваат во истата локална меморија за да можете брзо да ги отворите повторно. Можете да ги отстраните во секое време. Без корисничка сметка остануваат само на вашиот уред.
Ако се најавите, прелистувачот чува и токен за најава во локалната меморија за да останете најавени. Се брише кога ќе се одјавите.
Не користиме колачиња. Ако не сте најавени, ништо од ова не се испраќа до нас.
Корисничка сметка
За најава е потребна само адреса на е-пошта. Ви испраќаме еднократен линк и код, без лозинка.
Податоците од сметката ги чува Supabase, давател на услуги за бази на податоци, во наше име. Пораките за најава ги доставува услуга за е-пошта, исто така во наше име.
Сметката можете да ја избришете на страницата „Сметка“. Со тоа од нашата база се бришат вашата адреса на е-пошта и зачуваните рути.
Споделување и календар
Кога споделувате врска, линкот се предава на апликацијата што ќе ја изберете на вашиот уред. Записот за календар се создава во вашиот прелистувач и се презема како датотека. Ниту едното не поминува преку нашите сервери.
Технички записи
Како и секој веб-сервер, серверот или хостинг провајдерот може да запишува технички податоци, како IP адреса и време на барање, поради безбедност и стабилност на услугата.
Трети страни
Не користиме аналитика, рекламни алатки или надворешни услуги за фонтови. Сите ресурси ги услужува самата страница. За корисничките сметки се користи Supabase, како што е опишано погоре.
Измени
Кога ќе додадеме функции што користат лични податоци на нов начин, оваа политика ќе се ажурира пред тоа.